Овен
Имате добро претчувство, затоа вложувате огромна енергија и подготвени сте да прифатите одреден ризик во договорот со вашите соработници. Придружните компликации на патот до целта стануваат речиси неважни, кога ве очекуваат успешни признанија. Во однос на партнерот, важно е да сте емоционално инспирирани.

Бик
Нечие присуство или постапки може да ве подигнат во „розовите облаци“. Нема среќа без нечија близина и „допир“. Важно е да се опуштите и да уживате. Доаѓа време кое што ви носи успех и берба на златните плодови на различни полиња. Ќе уживате да шетате. Ѕвезденото небо ветува пораст и реализација на сите ваши големи планови.

Близнаци
Ако повеќето соработници се спротивставуваат на вашите идеи и волја, нема потреба да инсистирате на вашите првични намери. Некој нема да има разбирање за вашите грешки. Делувате вознемирено. Полесно ви е да обвинете некого за вашата емоционална состојба. Со саканата личност пронајдете заеднички јазик за проблемите.

Рак
Нема причина премногу да ја истакнувате вашата улога или да ги менувате утврдените правила во деловната соработка. Во финансиска смисла, избегнувајте ризични комбинации што можат да ви наштетат повеќе отколку што е потребно. Ако ви е важно некои настани да го добијат вистинското значење, толкувајте ги во договор со партнерот.

Лав
Важно е правилно да ги усогласите мислите и чувствата со саканата личност. На професионално поле, во зависност од вашите натпреварувачки аспирации, употребете докажана формула која гарантира зголемени добивки. Ќе уживате во психофизичка релаксација и неколкучасовен активен одмор. Ќе имате енергија на сите полиња.

Девица
Ситуација што некому изгледа невозможна за вас претставува можно и достапно решение, но не треба гласно да зборувате за тоа. Понекогаш е неопходно да се употреби некоја „тајна формула“ што носи среќа, добивка или емоционално задоволство. Совет: Колку повеќе барате или очекувате, толку повеќе и ќе добивате.

Вага
Потрудете се да го израдувате партнерот. Гест на внимание може да маѓепса или да предизвика емоции и ентузијазам кај партнерот. Имате добар увид во новите деловни случувања, но не можете секогаш да ги држите сите конци во ваши раце. Големите амбиции треба да се дозираат правилно, проценете го најдобриот момент за акција.

Скорпија
Имате големи планови со саканата личност, но и препреки. Можен е разговор со личност од минатото, без разлика дали ќе се сретнете или ќе се слушнете по телефон. Луѓето околу вас се изненадени од вашите реакции, па обидете се да бидете појасни. Споредете ја вашата ситуација со другите. Ова ќе ви даде нова перспектива.

Стрелец
Преземете смели чекори кон остварување на целите кои си ги задавате себеси и концентрирајте се на работата за да ги избегнете грешките. Психолошката напнатост која сè повеќе ја чувствувате потекнува од емоционална слабост или неможност решително да се спротивставите на една блиска личност која ве условува.

Јарец
Со ладна глава и од одредена далечина, внимателно анализирајте нечие однесување на деловната сцена. Понекогаш ситуациите што звучат примамливо се премногу далеку од реалноста. Личност што веќе го поминала трнливиот пат кој вие сега го одите ќе ви даде скапоцени совети. Зборовите што ќе ги слушнете се бесценети.

Водолија
Можете да оставите впечаток пред саканата личност кој што одговара на вашите потреби, но запрашајте се каде води сето тоа. Својот одраз најдобро можете да го видите во нечии очи. Денес сте особено напнати. На работа, ако сте доволно инспирирани и посветени, чудата се можни, и секогаш има добри решенија и среќен исход.

Риби
Личното достоинство, големата гордост или моменталното лошо чувство за дипломатија не ви дозволуваат да се впуштате во дискусија со соработници. Вие се залагате за практично и праведно решение, но некој од соработниците има скриени намери и упорно се обидува да ви го наметне своето влијание. Избегнувајте провокации.