Кристофер Нкунку поради повреда ќе го пропушти Светското првенство во Катар кое започнува во недела. Тој се повреди на тренинг и ќе го пропушти Мундијалот.

Advertisements

„Тимот сочувствува со Кристофер и му посакува брзо опоравување“, беше објавено на официјалниот Твитер профил на француската репрезентација.

Во видеото од тренингот на француската репрезентација се гледа како Едуардо Камавинга, играчот за врска на Реал Мадрид, стартуваше грубо на ногата на Нкунку. Тој остана да лежи, а околу него се собраа соиграчите. Офанзивниот играч за врска на Лајпциг сезонава е во одлична форма со 17 голови и четири асистенции, а минатата сезона постигна дури 35 гола. Сепак, по оваа повреда ќе мора да паузира околу еден месец.

Дидие Дешамп веќе беше без Кимпембе, Погба и Канте, а француските медиуми пренесуваат дека ја избрал замената за Нкунку.

23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани, две години помлад од Нкунку, оваа сезона игра подеднакво добро во Бундес – лигата. Откако летово пристигна како слободен агент од Нант, постигна осум гола и забележа 11 асистенции.

Прикажи повеќе