Во петкратното убиство кај Смилковското Езеро настрадаа четири момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
Денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за предметот „Монструм” кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро што се случи на 12 април 2012 година. Во овој предмет обвинети се Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани.
Петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм” потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток.
Во петкратното убиство кај Смилковското Езеро настрадаа четири момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.