Земјите-членки на Европска Унија пред да почнат да ги вакцинираат адолесцентите против Ковид-19 треба да го земат во предвид глобалниот недостиг на вакцини, соопшти денеска Европскиот центар за преевенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).
ЕЦДЦ апелира да се одложи вакцинирањето на младите во богатите држави и оти вакцинирањето на адолесцентите треба да биде приоритет само кога се во голем ризик.
Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела одобри имунизација на деца од 12 години со вакцината на Фајзер/Бионтек, а Европска комисија вчера ја одобри употреба на истата вакцина кај деца на возраст од 12 до 15 години.
ЕЦДЦ има советодавна улога во Европа за вакцинацијата, со која управуваат националните влади.
Според досегашните истражувања, поголемиот број од лицата под 20 години кои ќе се инфицираарт со Ковид-19 имаа мали симптоми, но ризиците се зголемуваат кај тие што имаат неуролошки или белодробни заболувања.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.