Најтофејниот светски фудбалер во историјата, Дани Алвес вечерва се очекува да стане најстариот капитен во историјата на Бразил на едно Светско првенство. Имено, селекторот Тите најави промени и веројатно на позицијата десен бек шанса ќе добие фудбалерот на УНАМ Пумас.
Алвес ја доби честа од Тите да ја носи капитенската лента на натпреварот против Камерун, каде што „кариоките“ бркаат потврда на првото место во групата.
„За мене е многу голема работа што го носам бразилскиот дрес и горд сум на сите успеси. Со бразилската репрезентација сум со години и среќен сум што можам да го завршам овој циклус со настап на Светско првенство. Во овие 16 години го давав мојот максимум, а секогаш сум мислел дека животот ги наградува тие кои го прават тоа што го сакаат“, рече Алвес.
Данило или Едер Милитао ќе го заземат своето место на позицијата десен бек во осминафиналето.