Необична сцена е снимена во Сплит.

На Фејсбук страницата „Сообраќајни згоди и незгоди“ е објавена фотографија од необичен возач.

Имено, зад воланот на автомобилот седел папагал.

„Дали некогаш сте виделе ваков возач? стои во описот на фотографијата.

Оваа фотографија насмеа многу корисници на Фејсбук, а некои коментираа дека веќе го виделе овој папагал зад воланот.