Една брачна двојка од Глазгов, Шкотска, лута на своите наемодавци, нашла начин како да им се одмазди за негрижата за станот кој го издаваат.
Имено уметницата Лева Григелионит и нејзиниот сопруг Хари Шони, почнале да произведуваат сладоледи со невкусни имиња како „црна мувла“, „протечен покрив“ и „влажни ѕидови“ и истите решиле да ги продаваат пред агенцијата на агентот кој им го издал станот.
Парот истакнал дека газдата на станот одбивал да се погрижи за основните поправки во станот, кој нема нормални услови за живот. Лева за декорација на сладоледите користела активен јаглен, орео-трошки, сино сирење и друго, за да ги направи што поавтентични со условите во станот во кој живеат со сопругот.