Реал Мадрид ја користи паузата во првенството поради Светското првенство за да го проучи трансфер пазарот. Според шпанските медиуми, Мадрид одлучил да тргне по стапките на Бруно Фернандеш. Португалецот има многу позитивен Мундијал на личен план, со два гола и две асистенции.
28-годишниот е важен и за проектот на Ерик тен Хаг и Манчестер Јунајтед, но понуда од „Лос Бланкос“ би можела да го доведе во искушение.
Португалецот има договор со Англичаните до летото 2026 година и неговиот картон се проценува на околу 80 милиони евра, додека летото се очекува да биде многу жешко на оската Мадрид-Манчестер.