Белата куќа денеска соопшти дека меѓународниот апел од САД за прекин на огнот во Либан бил „координиран“ со Израел, и покрај тоа што Тел Авив подоцна го отфрли примирјето.
Изјавата навистина беше координирана со израелската страна, истакна портпаролката Карин Жан-Пјер, додавајќи дека разговорите продолжуваат на Генералното собрание на ОН во Њујорк.