Чешкиот премиер Андреј Бабиш го означи новиот истражувачки проект на 600 новинари од целиот свет, Пандорините документи, како заговор смислен за тој да не победи на парламентарните избори на 8 и 9 октомври. Тој отфрли дека направил нешто незаконско во купувањето луксузни недвижности во Франција преку наменски основани компании во ткн. „даночни раеви“.
„Чекав што ќе извадат непосредно пред изборите за да ми нанесат штета и да влијаат на чешките избори. Овој пат случајот е стар 12 години. Во него е јасно дека не сум направил ништо против законот ни лошо, но тоа не ги спречува во тоа да се обидуваат да ме оцрнат и така да влијаат на чешките избори“, рече Бабиш за таа афера.