Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека украинската страна го информирала оти во последно време Украина има околу 27.000 загинати и ранети војници месечно.

„Нашите партнери од Украина ме информираа дека во последно време станува збор за 27.000 загинати и ранети месечно. Тоа, за жал, се рекорди во најтажната смисла на зборот во оваа војна“, рече Туск во полскиот парламент.

Тој не прецизираше колку од оваа бројка се загинати, а колку ранети, ниту на кој период точно се однесуваат податоците.

Туск предупреди дека, доколку продолжи ваквиот тренд, зимата во Украина би можела да има „катастрофален тек“. Зголемените загуби ги поврза со промените во руската воена стратегија, меѓу кои и поинтензивната употреба на нови млазни дронови.

Точниот број на украински воени загуби не е независно потврден, а Киев не објавува редовно целосни податоци за загинатите и ранетите.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.