Поп – ѕвездата Џастин Бибер изјави дека нема мобилен телефон и дека тоа му помогнало да постави одредени граници во животот.
Американскиот пејач ја извршува целата комуникација преку iPad, и верува дека не должи никому објаснување за таа одлука, пишува Daily Mail.
Бибер вели дека времето без мобилен телефон му помогнало да биде „во силна врска“ со оние на кои им е потребен.
„Не должам никому објаснување. Некористењето на мобилен телефон ми помогна да бидам посилен кога ќе кажам „не“ и да бидам тука за луѓето на кои им требам“, изјавил Бибер.