„АС“, во денешното издание на насловната страница открива дека Реал е многу блиску до купување на најскапиот српски фудбалер во историјата.
„Влаховиќ на чекор до Реал. Јувентус е во големи финансиски проблеми по казната откако му беа одземени 15 бода. Казната практично го остави Јувентус без пласман во Лигата на шампионите. Поради тоа клубот ќе мора да го направи тоа што го не сака да прави.Донесен со план да биде темелот на новиот Јувентус, Влаховиќ непланирано стана товар од кој клубот мора да се ослободи,“ пишува шпансиот медиум.
Младиот (23) српски голгетер Јувентус го купи минатиот јануари од Фиорентина за 81 милион евра. Влаховиќ со тоа стана четвртиот најскап трансфер во историјата на Јувентус, по Де Лигт, Игуаин и Кристијано Роналдо и убедливо најскапиот српски фудбалер во историјата.
„Требаше да биде лидер на тимот во наредната деценија, сега е стана товар и клубот мора да се ослободи од него. Јувентус сакаше да го продаде во зимскиот преоден рок, се договори со Манчестер јунајтед за трансфер од 100 милиони евра, кој со бонуси требаше да изнесува 120 милиони, но во последен момент менаџерот на српскиот напаѓач ја расипа зделката. Србинот е еден од најперспективните напаѓачи на пазарот. Во Реал го сметаат за идеален напаѓач за преодниот период помеѓу Бензема, кој има 35 години, а договорот му завршува на лето, до евентуалното доаѓање на еден од двајцата најдобри голгетери во светот, Мбапе или Халанд. “, пишува „АС“.