Ударна вест во денешното печатено издание на „АС“ е дека Лука Модриќ (37) дефинитивно ја одбил неверојатна понуда од Саудиска Арабија за да го одработи веќе потпишаниот едногодишен договор со Реал. Според „АС“, Модриќ има и уште една причина зошто ја одбил 200.000.000 евра за три сезони во Саудиска Арабија.
„Модриќ се уште не сака да се збогува со хрватската репрезентација. Капитенот сака да го одведе тимот на ЕП следното лето“.
Во текстот под наслов „Реал и Хрватска ги стави пред неверојатно богатство од Саудиска Арабија“, пишува: „Задарскиот гениј сака да ја заврши кариерата со уште неколку трофеи со Реал и да се обиде да освои титула со Хрватска. Се разбира, за Хрватска ќе беше достапен и доколку заминеше кај Арапите, но тој сака да го чека ЕП следната година откако ќе игра уште една сезона врвен фудбал“.
„АС“ истaкнува дека Модриќ долго време се премислувал и дека во последните неколку дена решил да ја одбие понудата од Саудиска Арабија. Мадридскиот весник пишува дека Модриќ решил да остане иако конкуренцијата станала многу поостра.
„Со доаѓањето на Белингем и останувањето на Себаљос, Реал сега има дури седум играчи од средниот ред. Но Анчелоти ќе го промени системот и ќе игра со четворица играчи во средината, што му отвора можност на Модриќ за значително поголема минутажа.“ /Makfax/