Премиерите на земјите кои ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“ се оптимисти дека во 2023 година ги очекува нов почеток со конкретни резултати. Ана Брнабиќ, Дритан Абазовиќ и Димитар Ковачевски очекуваат подлабока соработка и солидарност меѓу земјите за надминување на економските и енергетските кризи. Српската премиерка рече дека иницијативата „Отворен Балкан“ е автохтон српски проект и оти од оваа година очекува олеснување на граничните преминувања.

Advertisements

„Србија ќе продолжи да биде посветена на иницијативата.

„Отворен Балкан“ и на сите други иницијативи во регионот, но конкретно „Отворен Балкан“ бидејќи тоа е наша автохтона иницијатива. Се надевам дека и другите партнери од регионот ќе покажат волја за приклучување. Со нетрпение ја очекувам електронската легитимација за сите граѓани на „Отворен Балкан“ преку „Отворена балканска лична карта“ која ќе им овозможи на граѓаните да ги минуваат границите без чекање и одложување“, изјави Ана Брнабиќ, премиерка на Србија.

Премиерот на С Македонија Димитар Ковачевски рече дека со „Oтворен Балкан“ се зголемила комерцијалната размена меѓу земјите, што, според него e доказ дека земјите заедно можат да ја надминат секоја пречка на економски, енергетски и безбедносeн план.

„Како резултат на многу договори и меморандуми во рамките на „Отворен Балкан“, трговската размена меѓу земјите се зголемува, напредуваме во нашите понуди за вино и туристички понуди и го поедноставуваме пристапот до пазарот на трудот. Очекувам овие резултати да бидат мотивација и за другите земји од регионот и да се приклучат на иницијативата со која Западен Балкан станува европски и се отвора во целосна смисла на зборот“, нагласаи Димитар Ковачевски, премиер.

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кусо одговори дека во 2023 година очекува иницијативата „Отворен Балкан“ да ѝ понуди конкретни проекти на Европската Унија и обратно. Во моментов единствената држава во регионот која има категоричен став против вклучувањето во иницијативата „Отворен Балкан“ е Република Косово. Косовските власти оценуваат дека оваа иницијатива го зголемува српското влијание во регионот и ги прави другите земји економски зависни од Србија.

Адриан Керими