34-годишниот швајцарски голман Јан Зомер ќе го замени Мануел Нојер (повреден) во Баерн Минхен. Веста денеска ја потврди „Скај Германија“ од каде велат дека страните постигнале договор кој ќе биде официјализиран за неколку дена.
Зомер настапува во Бундеслигата со екипата на Борусија Менхенгладбах од 2014 година, додека е и голман на швајцарската репрезентација. Според германските медиуми, 34-годишниот голман ќе потпише договор на 2 и пол години со шампионот во Бундеслигата.
Од друга страна, екипата на Борусија Менхенгладбах ја започна потрагата по негова замена. Зомер ќе биде стартер до крајот на оваа сезона за Баерн по повредата на Нојер. Баварците го побараа и Александар Нубел од Монако, каде го испратија на позајмица, но французите одбија.
Јан Сомер неодамна беше посакуван и од Манчестер Јунајтед, но двете страни не најдоа заеднички јазик.