По предлогот на претседателот Пендаровски да се збарани влез во Македонија за лица кои предизвикуваат штета на државните инетерси, на социјалните мрежи се огласи бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
„Вратете го веднаш ветото за Северна Македонија! Обидот бугарски јавни личности да се прогласат за несакани лица во Северна Македонија нема да ја избрише историската вистина. Секој провокативен обид на Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Бујар Османи треба најстрого да се осуди. Само антибугарската влада во Скопје може да биде прогласена за „персона нон грата“ во Европската Унија“, порача Џамбаски.
Реакцијата на Џамбаски доаѓа откако претседателот Стево Пендаровски, по состанокот на Советот за национална безбедност, изјави дека ќе и предложи на Владата да се забрани влез во земјата на пратеник во Европскиот парламент од Бугарија и на уште неколку бугарски државјани поради дејствијата што ги преземаат против Македонија.
Иако шефот на државата не го спомена по име, Џамбаски, познат по навредливата реторика сам се препозна дека забраната може да се однесува за него .Претседателот Пендаровски рече дека има информации дека на 4 февруари група Бугари, меѓу кои и политичари, ќе отпатуваат во Скопје за да учествуваат на прославата на роденденот на Гоце Делчев, и дека оваа група, според Пендаровски, е поврзана со руската разузнавачка служба. што им помага на одредени структури во Бугарија да спроведуваат антидржавни кампањи против Македонија.
Претседателот Пендаровски изјави дека не гледа причина Бугарија да наметне ново вето.
Мефаил Исмаили