Фернандо Алонсо, наредната недела тој ќе ја вози последната трка за овој тим, и следната сезона ќе вози во Астон Мартин. Алонсо вчера блескаше на трката за Големата награда на Бразил. Стартуваше од 18. место, на крајот беше петти. Може да жали за инцидентот во спринт-трката во кој беше инволвиран неговиот тимски колега Естебан Окон. Поради тоа, трката за Големата награда на Бразил, Алонсо ја почна од 18., а Окон од 15. место.

Advertisements

Овие двајца имаа неколку светли моменти како тимски колеги. Минатата сезона Окон славеше на трката за ГН на Унгарија со голема помош од Фернандо Алонсо, кој успеа зад себе долго време да го задржи Луис Хамилтон и со тоа му овозможи на колегата да ја забележи првата победа во кариерата.

„Не треба ништо да коментирам. Уште една трка и тогаш е готово. Конечно“, кусо изјави Алонсо.

Пјер Гасли наредната сезона ќе седи во болидот на Алпин на местото на Алонсо.

Прикажи повеќе