Фудбалската селекција на Македонија против Малта ќе го започне новиот циклус на квалификации, овој пат за пласман на следното Европско првенство.
Еден од најдобрите репрезентативци во таборот на Благоја Милевски, Езџан Алиоски вели дека овој дуел е многу важен и посакуваат три бода, бидејќи потоа следуваат тешки натпревари со Англија, Италија и Украина.
„Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода.
За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина. Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години“, вели искусниот бек.
Македонија дуелот со Малта ќе го игра на „Тодор Проески“ во Скопје.