Hајдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Адетокунбо ќе ги пропушти претстојните натпревари на Бакс поради повреда на скочниот зглоб, објави „ЕСПН“.

На НБА Ол-стар натпревар викендов, Адетокунбо беше на теренот само 20 секунди и постигна два поена. Грчкиот репрезентативец се повреди на мечот против Чикаго булс (112:100) на гостински терен одигран во петокот.

Оваа сезона 28-годишниот Јанис има просек од 31,8 поени, 12,2 скока и 5,4 асистенции за 33 минути игра./MИА

Прикажи повеќе