Приватната болница „Аџибадем Систина“ е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од ковид-19, соопшти болницата.
Вчера на Фејсбук страницата на болницата осамна објава во која се вели дека медицинскиот персонал е подготвен да им помогне на дечињата кои имаат ковид-19 со бесплатно лекување на третманот.
Болницата бесплатно ќе ги лекува сите деца до 18 години на кои им е потребна хоспитализација поради ковид-19. Ова е гест на добра волја на болницата, велат од „Аџибадем Систина“ за „Република“.
Досега само болницата Козле, од средина на месец јуни, функционираше како Центар во кој се лекуваат деца и пациенти со ковид-19.
Претходно, д-р Душко Фидановски од „Аџибадем Систина“ во дневникот на Сител објави дека повеќеоргански инфламаторен синдром е регистриран кај осум деца во земјава откако почна ковид кризата. Првиот случај бил во мај. Синдромот се јавува кај деца кои биле позитивни или биле во контакт со лице позитивно на ковид-19 и се појавува како реакција на вирусот и зафаќа поголем дел од органите.
Тој објаснува дека новата состојба се јавува кај децата две недели до еден месец, откако го прележале ковод-19 или пак имале контакт со заболен.
Се работи за болест кој зафаќа два или повеќе системи најчесто кожни, но може да бидат зафатени и внатрешните органи како срцевиот мускул. Може да ги зафати и бубрезите црниот дроб пореметување на хемостазата како појавување на тромб. Клиничката слика е тешка. Првиот случај беше во средината на јули до сега имаме седум дечиња Последните дечиња беа дојдени за краток временски период. Ниту еден не е ПЦР позитивен тест. Кај 4 од нив имаше позитивна епидемиолошка анкета и имаа антитела, што значи дека биле во контакт со лице кое имало ковид, вели Фидановски.
Тој вели дека нема специфична терапија за лекување тука има поголема палета на лекови кои помагаат во овие случаи.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека е испратен стручен надзор во приватната болница во која се забележала оваа појава кај децата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.