Москва излезе со реакција на денешната одлука на Генералното собрание на Обединетите Нации, кое одлучи да ја исфрли од Советот за човекови права на ОН.
Одлуката беше донесена со 93 гласа „за“, а помеѓу земјите кои поддржаа исклучување на Русија беше и Северна Македонија.
За Москва ваквото исклучување е „нелегално“ и „политички мотивирано“.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, истакнал дека „Русија жали поради оваа одлука“, односно дека ќе продолжи „да ги брани своите интереси со сите легални средства“.
Ова е прво исфрлување на некоја земја од Советот за човекови права при ОН, откако тоа беше случај со Либија во 2011 година.