Откако претходно сугерираше дека е подготвен за компромис, Володимир Зеленски кажа дека неговата влада ќе инсистира на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина на мировните преговори во Истанбул оваа недела. Тој ја промени реториката во ноќното обраќање откако претходно, во разговорот со руски новинари кажа дека Украина е подготвена да прифати неутралност и да преговара за статусот на регионот Донбас.
„Ефективни гаранции на безбедноста се приоритет. Се разбира, нашата цел е мир и враќање на нормалниот живот во земјата што е можно побрзо“, кажа Зеленски.
Во вчерашниот разговор со Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се согласил да биде домаќин на мировни преговори и повикал на прекин на огнот и отворање на хуманитарни коридори. Украинската и руската страна потврдија дека преговорите ќе се одржат.