Неколку случаи на семејно насилство биле регистрирани во текот на изминатото деноноќие соопшти полицијата.
Имено вчера во 18:45 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 15-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 43-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден на 26.11.2026 во 16:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.О.(69) од Штип. Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 67-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.К.(50) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” и ,,неизвршување на судска одлука”. На 17.11.2026 во семејната куќа, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, со што не го почитувал Решението од Основен суд Берово, односно ја прекршил забраната да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз неговата сопруга, како и забраната да ја малтретира и вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.К.(24) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 17.11.2026 во семејната куќа, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.






















