Петнаесетгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди откако синоќа било удрено од автомобил во Скопје.
Како што информира МВР, несреќата била пријавена околу 22 часот, а се случила на крстосницата на улицата Цветан Димов со булеварот Крсте Мисирков.
Во малолетничката удрило патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот В.А. од скопското село Танушевци.
Тешките телесни повреди кај девојчето биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



















