Вчера во периодот од 10:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец ноември, ги приведоа Х.Ф.(22), М.С.(22), С.Т.(25), Т.Ј.Е.(23), С.Б.С.(25) и М.Ч.(22) сите од Република Турција, поради нерегулиран престој во државата.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.