Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од слобода.
Од МВР информираат дека претресот бил извршен на 12 ноември со судска наредба. Во домот на Ш.Е. полицијата пронашла пиштол „Blow“ со калибар од 9 милиметри и ловечка муниција, за кои немал дозвола.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



















