Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против 50-годишен маж од Пехчево поради сомнение за неизвршување судска одлука.
Според МВР, на 30 октомври 2026 година, пријавениот постапил спротивно на решението за заштита од семејно насилство што го издал Основниот суд во Берово. Тој отишол во домот, каде што агресивно се однесувал и ја вознемирувал својата 47-годишна сопруга.
Против него е поднесена кривична пријава за „неизвршување на судска одлука“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.


















