Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 15 степени.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.