Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи Села и Гаши и нивната поднесена интерпелација во Собранието за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, аргументи за да замине најнеспособниот министер за внатрешни има многу. Се надева дека ќе имаат мнозинство во Собранието да ја изгласаат интерпелацијата. Во однос на изјавата на Зоран Заев дека системот затаил, но правдата го стигнала Мијалков дека колку побргу овие луѓе кои се на власт заминат, толку подобро ќе биде за државата.

-Ако институциите затаиле, требаше да има одговорност. Почнувајќи од него, па до тие што стоеја таму до него и кои што клатеа со главите додека тој зборуваше. Ниту одговорност видовме, ниту ќе видиме. Зошто? Затоа што сите се влезени во ортаклук. Криминална мафија владее со Македонија, изјави Христијан Мицкоски.