Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за прв пат се појави на прес конференција по бегството на Сашо Мијалков. Како што вели тој, не чувствува одговорност, вината не е негова туку на целиот систем, кој како што вели тој, не функционира. Побара од обвинителството и сите надлежни институции да преземат се за да ја утврдат одговорноста за бегството на Мијалков. Вели дека се сомнева дека има „крт“ во МВР, во Обвинителството, но и во систе институции, бидејќи како што вели така функционирало претходното раководство односно режим.

Спасовски воедно низ детали, по хронолошки ред соопшти што преземале досега и што се случувало викендов. Мијалков бил виден со едно женско и три машки лица како влегуваат во гаражите во хотел „Мериот“, а од гаражите излегле три автомобили, но не можело да се утврди дали во некое од нив е и Мијалков.

-Во неделата во 14.30 часот го лолциравме Мијалков во друштво на три машки и едно женско лице како влегува во подземната гаража на хотелот мериот. Во 15.05 часот од гаражата излегоа три возила но немаше потврда дека Мијалков е во возилото. Се упатија кон Водно. Полициски тимови имаше околу хотелот „Мериот“ и куќата на Водно“, рече министерот Оливер Спсовски, кој додава:

-За да се чувствува одговорност треба да направите намерен пропуст или да не постапите. МВР постапува со сите расположиви средства. Барајте ја одговорност во непостоењето на целосниот систем“, рече Спасовски.

Тој кажа дека сите анализи и проценки укажуваат дека Мијалков сеуште е во државата.