Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска им се извини на соседните земји кои беа нападнати и порача дека Иран нема да ги напаѓа освен ако тие први не го нападнат.
„Немаме намера да извршуваме инвазија врз соседните земји“, рече тој во видео-порака на иранската државна телевизија и повика на регионална соработка за воспоставување мир.
Пезешкијан соопшти дека Иранскиот преоден совет, тело кое управува со земјата до изборот на нов врховен лидер, одлучил да ги запре нападите врз соседните држави, освен во случај на напади од нивна страна, пренесе „Мехр“.
„Советот вчера одлучи да не напаѓа или да не лансира ракети кон соседните земји, освен во случај на нивни напади врз Иран. Многупати сме рекле дека тие се наши браќа. И мораме заедно да работиме на воспоставување мир и стабилност во регионот“, наведе тој.
Пезешкијан рече дека на вооружените сили им е пренесена одлуката на раководството отсега да не ги напаѓаат соседните земји доколку тие први не го нападнат Иран.
„Оние кои размислуваат да го искористат овој момент за да го нападнат Иран не смеат да станат марионети на империјализмот“, истакна тој, додавајќи дека поддржувањето на Израел или на САД „не е пат кон честа и слободата“.
Тој исто така порача дека непријателските планови за безусловнo предавање на Иран нема да успеат и дека „мора да бидат однесени во гроб“.
Текстот Иран се извини за нападите врз соседните земји и најави прекин е превземен од МАКФАКС.























