Кавадарчанка била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот.
– Денеска во 6:30 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци, лишиле од слобода 30-годишна кавадарчанка, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, по вербална расправија, му нанела повреди со остар предмет на нејзиниот 43-годишен сопруг. Предметот бил пронајден и одземен, а при преземање мерки, кај неа биле измерени 2,61 промили алкохол во крвта, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што додадоа од СВР – Велес, таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Текстот Кавадарчанка со остар предмет го повредила сопругот е превземен од МАКФАКС.























