Седумдесет и петгодишна жена од Скопје била физички нападната и ограбена од две лица додека влегувала во лифт во станбена зграда во скопската општина Аеродром.

Како што информираат од МВР, настанот бил пријавен вчера.

В.Т. (75) била нападната од две лица кои ѝ го одзеле паричникот со пари и лични документи.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.