Ноќеска во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице.

Тој насилно го турнал момчето во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило.

Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Текстот Скопјанец насилно турнал момче во багажниот простор од возилото и барал да му каже кој удирал со снежни топки: го нападнал и неговиот другар е превземен од МАКФАКС.