Рускиот хидрометеоролошки центар објави портокалово ниво на временска опасност во Москва и нејзината околина поради престојниот студен бран. Предупредувањето важи за периодот до 16 февруари во 22 часот. Покрај тоа, поради ледените услови, прогласено е и жолто ниво на опасност, кое ќе важи до 15 февруари до 22 часот, според податоците на веб-страницата на Центарот.
Снежная Москва pic.twitter.com/MJAdZoSxBb
– Advertisement –
— Актуальная Россия (@RussiaActually) February 15, 2021
Новата недела во Москва започна со бран на многу студено време во европскиот дел на Русија. Утрово се измерени скоро минус 20 степени во Москва и околината, а следната ноќ на некои места се предвидува пониска температура.
Главниот специјалист на московскиот метеоролошки институт, Татјана Поздњакова, објави дека температурата во Москва може да се спушти до минус 26 степени оваа недела и да постави рекорд за оваа зима.