Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово.

Според информациите на МВР, околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово е превземен од МАКФАКС.