Вчера на улицата Брегалничка во Штип, полицијата го приведе Т.Н.(44) од селото Уларци, oпштина Чешиново-Облешево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Текстот Приведен возач во Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта е превземен од МАКФАКС.