Тие го подобруваат вашето здравје и стануваат ваши сојузници во борбата против вишокот килограми.

Можете да ги вклучите овие здрави намирници во вашата исхрана за да изгубите тежина и да се храните здраво во текот на претстојниот студен период.

ЈаболкаЈаболката се нискокалорични, а богати со растителни влакна; содржат само 95 калории и 4 грама влакна по порција. Во неодамнешното истражување спроведено на Универзитетот во Флорида, сушените јаболка им помогнале на учесниците да изгубат тежина.

Жените кои во текот на една година консумирале по една шолја сушени јаболка дневно, изгубиле тежина и го намалиле нивото на холестерол.

Истражувачите сметаат дека антиоксидансите и пектинот – вид на растителни влакна – се заслужни за бројните придобивки од јаболката; свежите јаболка се дури и поефикасни.

ТикваПробајте тиква; една шолја обезбедува 214% од дневните потреби за витамин А и една третина од дневните потреби за витамин Ц. Тиквата содржи само 80 калории по шолја, додека иста количина сладок компир – типична есенска намирница – содржи 180 калории.

БрокулаЕдна шолја брокула содржи 31 калорија и 2,4 грама растителни влакна, што помага да се чувствувате сити, а притоа да внесувате помалку калории. Понатаму, истражувањата покажаа дека додавањето зеленчук, како што е брокулата, во јадења како тестенини, помага да се намали вкупниот внес на калории.

КељСлично на брокулата или зелката, кељот е богат со витамин А и растителни влакна, а истовремено помага и во прочистување на телото од токсини. Чипсот од кељ, кој содржи само 110 калории, обезбедува 6 грама растителни влакна и претставува одлична ужина.

ЗелкаСо само 17 калории по шолја, зелката – особено популарната виолетова сорта – ја прави секоја салата поинтересна и додава живописна боја; дополнително, истражувањата покажаа дека таа помага во борбата против туморите на дојката, дебелото црево и белите дробови.