Кога станува збор за модата, актерката Зендаја ретко ги разочарува своите обожаватели. Овој пат, таа претстави уште едно уметничко дело кое многумина ги остави без зборови.

Во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“, на кое присуствуваа голем број јавни личности. Сепак, најголемо внимание привлекоа славните убавици и нивните модни избори. По етеричната Шарлиз Терон, и актерката Зендаја ја искористи можноста да заблеска на настанот.

За оваа пригода, таа избра винтиџ фустан од британскиот дизајнер Џајлс Дикон. Фустанот имаше горен дел во стил на корсет без прерамки, а целата креација беше покриена со реси кои светкаа под рефлекторите.

Највпечатлив елемент беше уникатната силуета на фустанот — структурираните, проширени делови кај колковите создаваа илузија за исклучително тенок струк и ги истакнуваа облините.

Таа го заокружи својот изглед со висечки обетки и дискретна шминка во неутрални тонови, која ги нагласи нејзините природни црти на лицето.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.