Албански државјанин на возраст од 38 години е лишен од слобода откако бил затекнат како предизвикува пожар на отворено во прилепско.
Според информациите од полицијата, случајот се случил на 23 октомври, околу 14:20 часот, на местото викано „Коливади“, во атарот на селото Житоше. Полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го затекнале М.Џ. како пали сува трева на отворен простор.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а за настанот бил известен и јавен обвинител.
Осомничениот бил предаден во ОВР Прилеп. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик, за кривично дело „Предизвикување општа опасност“.




















