СВР Охрид информира за два случаи на семејно насилство што се случиле во текот на вчерашниот ден.
На 23.05.2025 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.(42) од Скопје физички ја нападнал неговата невенчана сопруга од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.05.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.А.(35) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Семејно насилство во Охрид – скопјанец ја нападнал партнерката, охриѓанец кршел по дома е превземен од МАКФАКС.