Вчера во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од улицата „Илинденска“ со улицата „Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Текстот Малолетничка од Чашка повредена во сообраќајна несреќа е превземен од МАКФАКС.