Миранда Кер се врати на модната писта. Во вторникот, поранешниот „ангел“ на Victoria’s Secret прошета на ревијата на Стела Макартни, што претставуваше нејзино прво појавување на Модната недела по речиси десет години.
Кер не беше единствената ветеранка од модната индустрија што се појави на ревијата на Стела Макартни. На пистата прошета и 34-годишната Карли Клос. Иако нејзината пауза не беше толку долга како онаа на Кер, Клос – која во меѓувреме стана мајка на три деца – исто така се повлече од интензивната работа на модните писти што ја дефинираше нејзината кариера пред една деценија.
На пистата во Париз се појави и 52-годишната Амбер Валета. Иако често седи во првите редови на модните ревии, таа самата не зачекорила на пистата цели две и пол години.
Кер (43) последен пат прошета на модна писта во јуни 2017 година на ревијата на Moschino и оттогаш не се појавуви на пистите. Ова е исто така нејзино трето појавување на ревија на Стела Макартни. Првпат прошета за британската дизајнерка во октомври 2011 година, а вторпат во септември 2013 година.
Кер престана да биде „ангел“ на Victoria’s Secret во 2013 година. Со оглед на тоа што новата ревија на познатиот бренд за долна облека е закажана за неколку недели, се поставува прашањето дали таа повторно ќе се појави на пистата носејќи ги карактеристичните ангелски крилја.
Текстот Миранда Кер (43) се врати на модната писта по речиси десет години е превземен од МАКФАКС.























