ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 52-годишниот О.Г. од Дебар поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
На 14/15.09.2026 со употреба на физичка сила и алат исекол и одзел две метални заштитни еластични огради поставени на „Врмички мост“ на регионален пат Дебар-Струга.
Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Текстот Украл две метални огради од „Врмички мост“: кривична против маж од Дебар е превземен од МАКФАКС.























