Вчера околу 18.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Петар Ичко“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Ш.Е. од Скопје и електричен тротинет, управуван од малолетник од село Страхојадица, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Текстот Судир меѓу „џип чироки“ и електричен тротинет: тешко повреден малолетник во Скопје е превземен од МАКФАКС.