Вчера во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.
Имено осомничени се дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот.
Според полицијата, по документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
Текстот Предизвикале пожар на градската депонија: уапсени две лица во Демир Хисар е превземен од МАКФАКС.