Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски потврди дека испораката на американската помош за Украина преку логистичкиот центар во Жешов-Јасионки е вратена на нивото пред краткиот прекин.
Сикорски зборуваше на прес-конференција заедно со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, кој отиде во Полска на враќање од Џеда.
Сибиха истакна дека Украина е „земјата која најмногу сака да стави крај на оваа војна и да постигне праведен, траен мир“. Тој додаде дека Украина е подготвена да формира преговарачки тим за да работи на патоказот кон прекин на огнот со Русија.
Синоќа, САД и Украина постигнаа договор за враќање на воената помош и размена на разузнавачки информации како дел од поширокиот мировен процес.
Во коментарите кои доаѓаат само неколку дена откако тој јавно се судри со американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот на Трамп, Илон Маск, за „Старлинк“, сателитската интернет технологија на „Спејс Икс“, Сикорски додаде: „Старлинк сè уште работи“.
Текстот Полска потврди: Америка повторно испраќа воена помош за Украина е превземен од МАКФАКС.