Вчера во 18.25 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.Ч.(59) од Штип.

Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом тој физички ги нападнал неговата 53 – годишна сопруга и нивниот 35 – годишен син и им се заканувал со остар предмет.

Надлежните соопштија дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Семејно насилство во Штип: Маж ги претепал синот и сопругата и им се заканувал со нож е превземен од МАКФАКС.