Патничко возило во сопственост на Државна лотарија на Македонија било опожарено во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен денеска (13 октомври) во 2:12 часот во СВР Скопје од страна на 42-годишен скопјанец со иницијали А.М.

Станува збор за автомобил од марката „бејџинг бејч“, со скопски регистарски ознаки, кој бил опожарен на улицата „Крсте Асенов“. Пријавителот претходно го управувал возилото.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Текстот Опожарено возило на Државна лотарија во Скопје, полицијата го истражува случајот е превземен од МАКФАКС.